
Откривањето на медицинскиот квалитет на изворот во Avène: Поради тешка болест на неговота кожа, коњот на Маркиз од Rocozels бил пуштен слободно да шете низ Црна Планина во југозападна Франција.Тој го пронашол термалниот извор во близина на Avène, а по редовното пиењето од изворот и тркалање во неговите води, со тек на времето болеста на неговата кожа е целосно излечена.

Години подоцна Маркизот од Rocozels ја гради првата термална бања во Avène за лекување на пациенти кои страдат од атопичен дерматитис, егзема и изгореници.
Термалната бања Avène е препорачувана од многу научни водачи во дерматологијата, како што е Jean-Louis Alibert.


Avène термалната изворска вода е испратена до САД за жртвите од големиот пожар во Чикаго

Заради своите смирувачки својства и лекување на кожни болести, угледот на термалниот центар Avène брзо расте. Заради тоа од страна на француската влада е изгласено да биде дел од јавен интерес.
Avène хидротерапискиот центар добива решение за соработка со Француското социјално осигурување.

Avène хидротерапискиот центар е купен од страна на Pierre Fabre Laboratories (денес втората најголема приватна фармацевтска компанија во Франција).

Создадена цела линија на производи за нега на кожата со користење на термалната изворска вода Avène како основна клучна состојка.
Недалеку од старите бањи е отворен нов модерен хидротераписки центар Avène со капацитет од 2000 пациенти. Хидротерапискиот центар е поврзан дирекнот со изворот за да се обезбеди квалитетот на термалната изворска вода Avène.
Капацитетот на хидротерапискиот центар Avène е зголемен за 4,000 пациенти.

Брендот Eau Thermale Avène слави 20 години постоење.

Дванаесет годишно истражување покажа дека термалната изворска вода Avène има уникатна микрофлора: Aqua Dolomaie, која го смирува чувството на чешање и иритација.
Приказната на Avène не застанува овде, ќе биде пренесена и на следните генерации. Тo be continued…
