ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Сончевите зраци се исклучително важни за многу витални функции, како што е потикнување на создавањето на витамин Д, еден од клучните фактори за здрав раст и развој на коските… но, ако сакаме сонцето да стане и да остане пријател на нашето здравје, важно е да знаеме како да се однесуваме.
Пред изложување на сонце, важно е да се консултираме со стручно лице (лекар) за да се утврди Вашиот фототип на кожа и да го избере најдоброто ниво на заштита што одговара на истата. Ако сте работник кој работи на отворено и не сте во можност да избегнете изложување на сонце од 11:00 до 16:00 часот, неопходно да користите многу висок фактор за заштита од сонце. Докажано е дека ако кожата се штити од ултравиолетовите зраци почнувајќи од рано детство и во текот на животот, ризикот од малигни промени на кожата е сведен на минимум.
Сепак, важно е да се знае дека нема препарат за заштита од сонце кој ќе обезбеди сто проценти заштита, т.е тоа е само еден сегмет од третманот за заштита од сонце. Затоа, препорачливо е да се почитуваат одредени правила:
- Избегнувајте излегување на сонце меѓу 12 и 16 часот.
- Нанесувајте препарати за фото-заштита пред излегување на сонце.
- Неопходно е често нанесување од препаратот, особено по потење, пливање или бришење со крпа, заради одржување на заштитата.
- Нанесувањето на фото-заштитни препарати не значи дека може да се остане на сонце продолжено време.
- Прекумерното изложување на сонце претставува вистинска опасност по здравјето.
- Да се употребуваат алишта за заштита од сонцето (капа, очила за сонце, маици…)
- Бебињата и малите деца да не се експонираат на директна сончева светлина.
Avène заштита од сонце – Nº 1 во Европските аптеки!
Како експерти за чувствителна кожа, дерматолошките лаборатории на Avène ја развиле единствената SunSitive protection формула која овозможува тројна заштита од сонцето и го штити генетскиот материјал во клетките на вашата кожа од оштетување (DNA protect)
- Фотозаштитниот комплекс обезбедува долготрајна и максимална заштита на осетливата кожа кај децата и возрасните од УВА-УВБ зраци; фотостабилни и водоотпорни
- Антиоксидансот Pre-tocopheryl ги заштитува клетките на кожата од штетните ефекти на слободните радикали.
- Avène Термалната Изворска Вода, благодарение на уникатниот состав, ја смирува кожата и делува противвоспалително
Avène производите за заштита од сонце може да ги користат сите генерации, почнувајќи од најмалите деца па се до возрасните со чувствителна и нетолерантна кожа, бидејќи производите не содржат парабен, алкохол и Octocrylene.
Изворедниот квалитет на производите на Avène за заштита од сонце го потврдува и меѓународната организација Skin Cancer Foundation и Европската Skin Cancer Foundation, кои се борат против најчестото малигно заболување во светот – рак на кожата и тоа: со превенција и едукација за малигните тумори на кожата, како да се заштитиме од сонцето, техники за рано откривање, само-прегледување на кожата за рано откривање како и со итни и ефикасни методи на лекување.
