СООЧУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ДЕХИДРАТАЦИЈА Одредени типови на кожа се поотпорни на дехидратацијата, но секој тип на кожа ја чувствува до одреден степен. Кожата делува како бариера против надворешните материи и за да овозможи оптимална заштита, Вашиот епидермис треба да биде отпорен колку што е можно повеќе. Доколку тој содржи 10% вода, споредено со оптималните 20% до 30% кожата делува уморно и без сјај. Може да ја чувствутате груба на допир и набраздена со линии на дехидратација. Дури и луѓе без кожни нарушувања може да се соочат со сериозна дехидратација на кожата и од надворешни и од внатрешни фактори: Надворешните фактори вклучуваат:

• Клима – ветер, студ, премногу сонце, пролонгиран престој на сув воздух (климатски уреди или топлотни уреди)

• Хемиски – абразивни чистачи за кожа, локално медицински третмани, груба козметика, “тврда” вода

• Механички – бричење или депилација

Внатрешните фактори вклучуваат:

• Физиолошки – стареење на кожата

• Патолошки – заболувања кои ја погодуваат функцијата на кожата

AVÈNE ЈА ЧИСТИ И ХИДРИРА КОЖАТА Avène нуди комплетен режим на нега на кожата со цел да Ви помогне во третирање на сувата и дехидрирана кожа. Хидратантните состојки обезбедуваат дневна нега на кожата за многу сува до екстремно сува, атопична кожа. Овие производи помагаат во обновување на бариерата на кожата, смируваат иритации и ја намалуваат хиперсензитивноста на кожата. Исто така помагаат во подобрување на бариерата на кожата истовремено со третирање на различни други симптоми.
footer-headband