Чувствителната црвена кожа е честа состојба меѓу луѓе со светол тен. Првите знаци може да бидат само повремено вцрвенување, но со тек на време симптомите може да се влошат. Производите на Avѐne ефикасно ги таргетираат средни до потешки аспекти на кожа склона кон црвенило, при што помагаат да се елиминира дискомфортот за брзо време.

ОД ПОВРЕМЕНО ЦРВЕНИЛО ДО РОЗАЦЕА

Доколку имате чувствителна кожа сигурно веќе знаете како стресните ситуации, ненадејни промени на време или иритирачки производи за нега на кожа може да влијаат на комплицирање на состојбата. Но, уште поважно е да се знае дека постои можност симптомите да прогресираат доколку исчезнат почетните знаци. Доколку повременото црвенило стане почесто може да стане трајно притоа, водејќи кон розацеа. Крвните садови може да станат повидливи и може да почувствувате печење, боцкање, испакнатини и мозолчиња доколку состојбата не е потврдена.

AVЀNE ГО НАМАЛУВА ЦРВЕНИЛОТО И РОЗАЦЕАТА

Производите на Avѐne може да Ви помогнат да ги надминете неудобните симптоми со секојдневна употреба. Клиничките студии покажале дека производите на Avѐne може да помогнат на луѓе кои сакаат да:

• Намалат иритација и црвенило

• Намалат чувство на топлина

• Нежно и ефикасно да ги исчистат зафатените места

• Обезбедат UVA/UVB сончева заштита

• Минимизираат отекување на кожата

Иако на пазарот се достапни повеќе третмани, Avѐne има докажани резултати во третман на црвенило и розацеа. Сепак, пред започнување со било која терапија за третман на ова заболување треба да се консултирате со Вашиот дерматолог за да бидете сигурни дека се направени соодвените анализи за постоечките симптоми.

c_beforeafter_rednessMK

footer-headband