СМИРУВАЧКИ РЕШЕНИЈА ЗА ВАКВИ СИТУАЦИИ

Кожа со атопичен дерматит реагира абнормално и лесно на иританси, храна, алергени од средината на живеење и станува црвена, се лупи и многу чеша. Исто така таа станува ранлива на површински бактериски инфекции. Најчесто зафатени места се внатрешните делови од лактите и колената. Ова универзално заболување на кожата најчесто се јавува кај новороденчиња стари 1-6 месеци, а 60% од пациентите го искусуваат првото поголемо воспалување на 1 година.

Во сите случаи, чешањето е извор на патење на детето кое всушност го погодува целото семејство. Несоницата се јавува најчесто кај родителите. Можните компликации вклучуваат чести инфекции на лезиите кои чешаат и се најчесто предизвикани од staphylococcus, streptococcus или други херпес вируси.

Најчесто препорачувани третмани за атопичен дерматит и егзема се кортикостероиди и емолиенси. Сепак, кортикостероидите мора да се следат многу од блиску од страна на лекар. За разлика од нив линијата за нега од Avène генерално е подобро толерирана од страна на новороденчињата и децата, со помали шансиза несакани ефекти. Ова е како резултат на составот без сапун, без парфеми, без парабени, хипоалергена и некомедогена. Линијата на производи Avène XeraCalm помага да се надмине чувствителноста на кожата и иритацијата и го контролира воспалението на кожата кое се јавува во случаи на егзема. Овие производи ја обновуваат бариерата на кожата и помагаат во заштита против сушење.

 

AVÈNE

beforeafter_atopic MK

footer-headband