Што е хиперкератоза?

Хиперкератоза е здебелување на површинскиот слој на кожата – епидермисот,. Во овој слој на кожата клетките содржат висок процент на кератин, протеин кој ја прави сува и многу тврда. Во некој случаеви настанува абнормална состојба и областа станува изразиво сува а кожата груба и тврда.

Како настанува хиперкератоза?

Хиперкератозата е генерално адаптивен физиолошки процес кој има за цел да ја зајакне отпорноста на кожата преку производство на високо кератинизирани клетки. Затоа, кожата на нозете или на рацете може да се згусне како последица од одењето бос или интензивна физичка работа. Таа има заштитнички ефект но создава непријатност на површината на кожата… станува груба, тврда и склона кон пукање.

slika 2

 

Кога има постојан притисок на ограничен простор на кожата, хипертозата се јавува во форма на меури. Најчест пример е појава жуљеви на стапалата во многу мало подрачје на кожата.

 

 

Од сите дерматолошки нарушувања, псоријазата е таа што речиси секогаш предизвикува стварање на хиперкератолични подрачја. Типичните хиперкератолични флеки на почетокот се црвени, потоа се покриваат со дебели и густи „слоеви“ кожа кој личат на груби лушпи.

 

Како се лечи хиперкератозата?

Кога состојбата е поврзана со физичка причина (триење, абнормални притисоци), прво нешто што треба да направите е да се елиминираат овие активности кој стварат притисок или триење (доколку е можно). За отстранувањето на хиперкератоза треба корситење на и употреба на хидратациски производи за смирување на кожата со збогатени активни состојки кој ги растварат кератинските блокови. Најчесто користени кератолични активни матери се уреа и салицилната киселина.

Во однос на дебелината, локацијата и причината на хиперкератоза, може да се користат различни концентрации на супстанциите во различни текстури.