Иако не ја спориме важноста на сочевата енергија, сонцето треба да се консулмира во умерени количини, имајќи на ум дека “отровот се крие во количина”.

Поврзаноста на човекот со сончевата светлина одсекогаш е присутна, уживајќи во благодетите што ги нуди… не само поради светлината и топлината туку и поради многу позитивни ефекти кој делуват врз организмот и улогата во регулација на физиолошките процеси во телото кој не може да ги замени ниту еден друг вештачки извор. Сончевата светлина е неопходна за синтеза на витамин Д, кој има важна улога во бројни процеси. На тоа колку е важен, почнувајќи од фактот дека неогвиот недостаток е поврзан со ослабен имунолошки систем, остеопороза, ревматоиден артритис, срцеви заболувања и други болести. Изложеноста на сончева светлина има позитивен ефект за спречување на депресија и да придонесе за подобра општа состојба на организмот. Хелиотерапијата е и составен дел од третманот и лекување на некој болести, како што се псоријаза, рахитис и депресија.

Повеќе од јасно е дека ѕвездата Сонце и неговата енергија овозможува живот на Земјата. Важно е да ги знаеме сите благодети кој ги црпиме од сончевата енергија и правилно да ги апсорбираме. Истражувањата покажуваат дека оптималното количество на апсорпција на сончева енергија врз човечката кожа е само мало изложување од 10-15 минути неделно на мала област од телото (лице, врат, раце). Ова не ја спори важноста на сончевата енергија, но како и кај се друго така и кај сонцето треба да се консумира во одредена мера, имајќи во предвид дека “отровот се крие во количината”.

СИТЕ НЕГОВИ ЗРАЦИ

Сонцето со својата неограничена активност емитира огробен број на зраци, видливи и невидливи. Видливиот дел од спектарот (400 – 800 nm) го сочинува 50 проценти од вкупното сончево зрачање, инфрацрвени (800 – 2500 nm) го сочинува 40 проценти, а ултравиолетовите (200 – 400 nm) 10 проценти. Иако УВ во проценти е најмалку застапно, кога станува збор за биолошките ефекти, всушност е најактивен!
Ултравиолетовите зраци се делат на:

  • УВЦ (200 – 280 nm) зраци – блокиран од озонската обвивка на земјата
  • УБВ (280 – 320 nm) зраци – продираат до површината на земјата, предизвикувајќи црвенило на кожата, кои по 48 до 72 часа од изложеност почнува да потемнува. Продолжена изложеност предизвикува оштетување на клетките на епидермисот и промени во клеточната мембрана, што е особено важно за процесот на карциногенеза.
  • УВА (320 – 400 nm) зраци – во големи дози предизвикува пигментација, оштетување на ДНК и продира во подлабоките слоеви на кожата… минуват низ облаци и стакло.

Поради прекумерно изложување на сонце без заштита, може да предизвика оштетување на очите или да се јави дегенеративни и малигни болести. Најчесто се јавува фотодерматоза, кожни болести предизвикани од прекумерно изложување на сонце, а може лесто да се случи  во комбинација на сончева светлина и одредени лекови или болести кој ја зголемуваат чуствителноста на сонце. Најчесто се јавуваат на лицето, зглобовите и вратот со рамениот појас. Најсериозен проблем е појавата на меланом, малиген рак на кожата кој се развива од пигмент клетки – меланоцити, а тоа се предизвикува од дологорчно изложување на сончево зрачење.  Во раната фаза е локализиран на површинскиот слој на кожата, а со тек на времето продира во подлабоките ткива, крв, лимфата и метастазира… поради тоа најважно е рана дијагноза. За рано отквирање, неопходни се редовни дерматолошки прегледи и самостојно контролирање и забележувања на промени на кожата.

СУШТИНСКИ ФАКТОРИ

При изложување на сончева светлина телото активира сопствен одбранбен механизам. Главен процес на самозаштита на телото од негативните ефекти на УВ зрачењето е меланогенезата, односно зголемување на меланин пигмент кој ги апсорбира повеќето од УВ зраците и го спречува нивното навлегување во јадрото на клетката. Белата раса на луѓе со многу светла кожа создава посебен тип на меланин, феомеланин, кој не е толку толку ефикасен како кафеавиот меланин, што ги прави посебно чуствителни на сонце. Со пигментацијата, се активираат и други механизми како што се: задебелување на роговидниот слој на кожата, формирање на сопствен заштитен филтер (уроканинска киселина),  телесен антиоксиданс и др. При ниски дози на УВ зрачање, за создавање на пингментција и формирање на сопствен одбранбен механизам потребни се од две до четри недели.

ДРУГИ ЗАШТИТНИ ФАКТОРИ

Сопствениот одбранбен механизам треба да биде подржан и од други т.н. фотопротект препарати кој што ја штитат кожата од УВА и УВБ зраци и имат високо ниво на заштита, се означуваат како SPF (Sun Protection Factor). SPF бројот виснат на амбалажата се однесува на нивото на заштита од УВБ зрачење и претставува сооднос на времето до појава на еритем на кожата со нанесениот препарат за заштита од сонце и времето потребно за формирање на еритем на незаштитена кожа. Со други зборови, покажува колку долго може да се задржиме на сонце по нанесување на препаратот за заштита.

Квалитетен препарат за заштита од сонце мора да биде вклучена и соодветна заштита од УВА зраци, со додавање на антиоксиданси кои го намалуваат формирањето на слободни радикали. Според препораките на Европската комисија соодносот на заштита од УВА и УВБ треба да биде мал или еднаков. Водоотпорноста на препаратот исто така влегува во препораките за квалитет.

ЗАШТИТА ЗА СИТЕ

Луѓето со светла кожа, коса и очи (фототип I и II) кој се најмногу осетливи на УВ зрачање и тешко развиваат природна заштита, спаѓат во посебна група кој бара големи внимание и претпазливост. Детската кожа е во процес на зреење, па не постои н целосно развиен природен заштитен механизам, поради тоа и при краткотрајна изложеност на сонце може да предизвика изгореници и долготрајна дехидрација. Затоа за бебињата и малите деца не е препорачливо изложување на сонце, а поголемите деца треба да ностат заштитна облека, капа и очила за сонце, престој под сенка и редовно консулмирање на течности и нанесување на препарати за заштита од сонце.

Во летните месеци не се препорачува да се изложувате на сонце без заштита помеѓу 11 и 17 часот, потребно да се носат очила за сонце, капа во текот на денот и да бидете свесни за одсјајот на сонцето од камен, песок, снег и вода бидејќи и тоа може да биде подеднакво штетно. Почитување на правилата за однесување при излагање на сонце делува превентивно, односно го чуваме нашето здравје и здравјето на нашите деца, поднигнувајќи ја свеста околу штетното дејство на УВ зрачењето и соодветната заштита.