Кожата склона кон црвенило е многу чувствителна, па затоа е препорачливо да се користи дермо – козметички производи чија активна супстанца ги задоволува потребите на токму на овој тип кожа.

Заради динамичниот начин на живот често се наоѓаме во ситуации каде што нашето здравје не е приоритет. Лошата исхана, прекумерен стрес, емоционална нестабилност и други негативности кои ги среќаваме во секојдневието остава видлив траг во нас и на нашата кожа. Иако проблемите на прв поглед може да изгледат само естетцки промени, состојбата на кожата не смее да ја игнорираме, бидејќи тоа би можело да значи дека е проблем скриен во нашето тело.
Провремено и постојано црвенило на кожа се манифестири кај свелите типови на кожа. Почесто ги зафаќа жените во подоцнежните години од животот во пределот на лицето, носот, брадата и челото. За жал се поголем број на повозрасната популација се соочува со вакви промени, со тоа што голем дел од нив ги игнорираат. Овие почетни промени кој се игнорираат всушност се првични индикации за развој на хронична болест на кожата, која примарно влијае на лицето и во ретки случаеви на останатите делови од телото. Името на ваквиот проблем во светот е познат како РОЗАЦЕА. Доколку навремено не се преземат мерки понекогаш ова црвенило се развива во постојано со појава на мали, но видливи капилари која постепено се зголемува како по бројот така и по големината (Rosacea erythematosa). Ваквите појави може да прераснат и развијат во инфламаторни нодули – папули или мозолчиња – пустули (Rosacea papulopustulosa). Во потешки форми, најчесто кај мажите може да се случи луковичен нос со прекумерен раст (Rinophyma). Розацеата може да влијае на очите, давајќи им воден и воспалителен изглед, придружена со чувство на иритација и печење. Клепките се отечени и често се развива конјуктивитис.

Со оглен на тоа дека розацеата е хронична дерматоза, не може да се излечи но можеме да ги ублажиме симптомите и да спречиме влошувањето на состојбата со соодветни медицински третмани и промена на животните навики. За одржување на состојбата на симптомите, сутдиите покажаа дека е неопходно редовно и правилна примена на медицинските третмани препишани од страна на лекар. Покрај тоа, примената на здрав животен стил кај пациентот може да помогне во ублажувањето и контролата на симптомите.

Кожата склона кон црвенило е многу чувствителна и бара секојдневна нега, која ќе ја нормализира и штити микроциркулацијата. Поради тоа е препорачливо да се користат дермо – козметички производи чија активна супстанци ги задоволува потребите во вакви околности. Затоа, без разлика на се, никогаш не треба да се изостават основните потреби (нега и хигиена) на лицето!

Дерматолошката лабораторија на Авен има тразвиено специјална линија Antirougeurs која содржиниза производи специјално формулирани за потребите на чувствителната кожа склона кон црвенило. Го смируваат чувството на иритација и неудобност, помагат во намалување на интезитетот на „топлина“ на кожата и ја штити од УВА и УВБ зраците (SPF20). Се применуваат кај локализирани, пролазни или трајни црвенила. Производите на Antirougeurs линијата ја намалуваат постојното црвенило на кожата и го спречува настанувањето на нови.

c_rednessMK

 

Во продолжение ќе ви претставиме 3 Antirougeurs производи кој целосно ги задоволуваат оитребите на чувствителната кожа склона кон црвенило.

 

  1. Antirougeurs Jour Crème Riche SPF20 – Крем против црвенило со заштитен фактор SPF20
  2. Antirougeurs Jour Emulsion Legere SPF20 – Емулзија против црвенило со заштитен фактор SPF20
  3. Antirougeurs FORT Soin concentré – Третман за локализирано црвенило