Сапунот е најстаро средство за чистење на кожата. Ние го користиме претежно за миење на рацете и лецето, а некои и за миење на телото. Иако е во употреба речиси 5000 години, продажбата на сапун секоја година се намалува! Причина за тоа епридонесоа дерматолозите кој се почесто укажуваат на штетните ефекти на сапунот. Сапунот се произведува со реакција на природно растителни или животински масти со силни бази. За време на миењето на кожата т.е. кога има реакција со вода, сапунот реагира доста силно за да одмасити и исчисти кожата. Во некој случаеви кожата при ваков контакт знае бурно да реагира со појава на црвенило, чешање, отоци или премногу да ја исуши. Тоа го ослабнува природниот кисел заштитен слој на кожата кој го спречува растот на бактериите на површината на кожата а воедно останува незаштитена и од други штетни надворешни фактори.

Заради овие и други недостатоци на сапунот, светот почна со интензивно истражување на нови форми за миење на телото. 60-те години од минатиот век се започна со производство на синтетички детергенти – СИНДЕТ (синдет – кратенка од синтетички детергенти, сапун без сапун).

Синдетите можат да бидат во цврста состојба (за миење на раце и лице) или во течна состојба, гел за миење на телото. Синдетот поседува свои предности во споредба со сапунот бидејќи нема алкална акција т.е. ја чува природната киселот на кожата и спречува размножување на бактерии. Нежни се и не ја иритираат кожата,и не ги затварат порите.

Повќе од доволно е ова за во вашата секојдневна рутина за миење воведите синдет наместо сапун. Затоа заборавете на сапун и мијте се со топла вода и синдет.

Avène препорачува

 

Cold Cream Pain surgrasCold Cream Pain surgras – Многу богато средство за чистење – без сапун со колд крем за чуствителна кожа на лице и тело.

Индикации: За целосно и секојдневно чистење на осетлива кожа, безбедно за употреба кај деца и бебиња.

Идеален за: – сува и иритирана кожа; – кожа остелива на иритирачки средства за чистење; – кожа која станала осетлива после агресивни дерматолошки третмани; – осетлива бебешка кожа.

Својства: Екстремно благ, но делотворно ја чисти и најосетливата кожа, без да предизвика иритации. Оваа единствена формула содржи комбинација од омекнувачкиот Cold Cream и Avène термалната изворска вода, смирувачкa и антииритирачка. Неговата pH-вредност е прилагодена на онаа на кожата, а составните компоненти ја зачувуваат природната хидролипидна обвивка на кожната површина. Кремастата сапуница го прави пријатен за употреба и ја остава кожата мека и свежа.