Стерилната козметика гарантира највисока можна ефикасност и сигурност за најчувствителните кожи (детски и хипереактивни) како и кај патолошките состојби на кожата.

За да се обезбеди максимална безбедност на најчувствителната кожа, Дерматолошката Лабораторија Avène поставија темели на новата генерација дермокозметички производи благодарение на откритијата за уникатно производство на препарати кој содржат само основни и неопходни состојки за кожата, БЕЗ кознерванси или супстанци кои делуват како конзерванси. Всушност станува збор за СТЕРИЛНА КОЗМЕТИКА, достигнување во кое не станува збор за стерелиза на производот само во текот на производството, туку останува стелирен и за време на неговото користење. Со еден реченица „НАЈГОЛЕМО ДОСТИГНВАЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НОВИ СТАНДАРДИ ВО ПРОИЗВОДСТВО НА ДЕРМОКОЗМЕТИЧКИ ПРОИЗВОДИ“.

Несомнена ефикасност

Стерилната козметика гарантира највисока можна ефикасност и сигурност за најчувствителната кожа (доенчиња и мали деца, реактивна кожа како и кај патолошки состојби на кожата како на пример атопичниот дерматитис).

Стерилната козметика е резултат на уникатен процес во производството на дермокозметички производи – СТЕРИЛИЗАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРОИЗВЕДУВАЊЕ – Овој процес на производство бара специјална средина и производствен капацитет кои ги исполнуваат највисоките технолошки барања, знаење и искуство во стерилната простор. Француската фармацевтска компанија Pierre Fabre, го патентира овој уникатен процес на производство што е развиен како резултат на долгогодишното искуство во производството на лекови. Сите производи процеси се вршат во согласност на GMP (GMP – Добра производна пракса), признаена и одобрена од сите меѓународни регулаторни тела.

Процесот на стерилизација при производство вклучува неколку важни компоненти и фази:

  • Стерализација на опремата вклучена во производниот процес – се однесува на реактори, пумпи, цевки за поврзување, филтри и полнила.
  • Патентирана стерилизација на производи – Благодарение на овој иновативен и уникатен метод за стерилизација, производите можат да се стерилизираат без менување на нивното својство, посебно нивната ефикасност и органолептичките својства. Процесот се состои:
    • Прием и контрола само на одбрани состојки, строг избор и минимален број на потребни компоненти за обезбедување на висока чистота и одлична подносливост на производо без додавање на супстанци кој ја иритираат кожата и со елиминирање на непотребните компоненти т.е. потенцилајни иританси и алергени (парабени и супстанции кои делуваат како конзерванси, парфе и емулгатори).
    • Производств на формула во стерилен миксер.
    • Иновативна (и патентирана) стерилизација на производот.
  • Пакување во стерилна средина – значи пакување на производот во туби со D.E.F.I. капачиња за затварање во асептични услови (Класа А), а во согласност на важечките стандарди на фармацевтската индустрија. Системот на затварање т.н. D.E.F.I систем (Device for Exclusive Formula Integrity) е иновативен, патентиран систем за затварање на амбалажа (туби) единствен во светот на дермокозметиката. Развиена и патентирана од Француската компанија Pierre Fabre Dermo-Cosmetic. Овој систем ја попречува бактериската контамитација на производот и обезбедува стерилитет за време на нејзината примена. Производотите кој користат ваков систем на затварање не смеат да содржат парабени и супстанции кои делуваат како конзерванси.
  • Виско квалификуван персонал – стручен персонал обучен за работа во процес на стерилно производство.

Едноставна помош за нетолерантна кожа

ГРИЖА
Заштитни креми за нетолерантна кожа
 – се наменети за обновување на иритирана, реактивна и природно чувствителна кожа кој при најмал стимул бурно реагира. Обезбедува ефикасна и долготрајна заштита, обновување на хидро-липидниот слој на кожата и зајакнување на заштитната бариера. Во зависност од типот на кожата постојат и повеќе текстури.

Реактивна или нетолерантната кожа прекумерно реагира на надворешни агресии, што се одразува со оштетување на заштитната бариера на кожата и прераснува во воспалителна реакција. Под надворешна агресија подразбираме различни состојки во козметичките производи (конзерванси и супстанци кои делуваат како конзерванси, мириси, алкохол, бои), чии активности доведуваат до активна реакција на кожата, како и климатските фактори (како што се студ, ветар, сонце и загадениот воздух), кои многу често предизвикувааат реактивност на кожата која се манифестира со еритеми егзема или со собјективни симптоми како што се затегнување, пецкање и жарење на кожата.

ХИГИЕНА
Лосион за чистење на нетолерантна кожа
– Кај реактивната и иритирана кожа, хигиената е еднакво важна како и негата. Лосионот за чистење на нетолерантна кожа нежно ги чисти нечистотиите и чминката од кожата. Идеален е за сите тие кој сакат благо средство за чистење, лесни и освежувачки текстури. Секојдневната употреба влијае врз механизмот кои ја смирува иритацијата, намалува реактивноста и ја обновува кожната бариера. Нема потреба од измивање. БЕЗ парабен и БЕЗ парфем.

Стручнаците од дерматолошките лабаротории на Avène произведоа единствена линија на производи за хигиена на нетолерантна кожа која моментално ја смирува иритацијата. За ваквиот ефект одговорен е Parcerine®, патентирана активна состојка која е насочена да делува кон внатрешните механизми на кожата, намалувајќи ја реактивноста. Покрај ова, големиот процент на Авен Термална Изворска вода во производите дава дополнителни моментални смирувачки ефекти.

Линијата на производи за нетолеранта кожа се Sterile Cosmetics производи, произведени со најновите стандарди и технологии за производство – единственни во светот кој овозможуваат стварање на безбедна стерилна формула без никакви конзерванци и истата да биде зачувана дури и во текот на примената благодарение на D.E.F.I системот за затварање.