Успехот на третманот е индивидуален, тоа зависи од причините за појава на розацеа и индивидуалните реакции на преземените третмански мерки

 

Розацеа е промена на кожата на лицето, што се манифестира со црвенило на образите, со проширувањето на малите крвни садови, а понекогаш и појавата на мали до големи “мозолчиња”. Ваквата промена на кожата на лицето е често придружена со субјективните симптоми – чешање, печење и затегнатоста. Оттука кожата  многу лесно се разуменува при промена на температурата (на пример, по влегувањето во топла просторија или во близина на извор на топлина).

rosacea

Реактивни крвните садови и други причини

Главната причина за розацеа е непозната, се прават многу напори со цел да се најде барем нешто што може да биде во корелација со развојот на болеста. Поради овие причини третман понекогаш вклучува и алергиски тестирања.
Се смета дека во оваа појава специфична улога има типот на кожа со брза реактивност на крвните садови кој се шират и стеснуваат на најмал стимул, како што се топлина, зачинета храна или калоричен пијалок. Пареа и изложување на сонце дополнително ја влошуваат состојбата на болеста, како и стресот и хормоналните нарушувања. Употребата на кортикостероидни креми и капки за нос и очи исто така може да биде причина за развој на розацеа. Денес се смета дека улога имат и микробиолошките организми. Меѓу нив се споменува Demodex Folliculorum, кои обично живеат во екскреторните канали на лојните жлезди. Исто така, постојат студии кои појавата на розацеа е поврзана со бактеријата Helycobacter pylori во стомакот.

Трајно црвенило најизразен симптом

Почетните симптоми на розацеата се минлив еритем, кој подоцна прераснува во траен еритем, појава на папули и проширени крвни садови на лицето. Други симптоми се: чувство на жежење и пецкање на образите, отекување на лицето, понекогаш се јавува и сувост на очите итн.

Оваа болест има неколку фази. Првично се појавува црвенило на носот и образите, кои можат да бидат од минлив тип. Кај некој луѓе останува трајно заедно со постепеното проширување на малите крвни садови. Ако навремено не се лекува оваа болест, со текот на времето може да се прерасне во поотежнета форма со појава на отечени образи, нодули и акни. Со оглед на тоа дека промените може да еуптираат одеднаш, не секогаш треба да ја посочуваме розацеата како причинител, можеби се работи за некоја алергиска реакција. Затоа е многу важно од самиот почетокот на болеста да се следи состојбата на пациентот. Важно е и треба да напомениме дека при ваквите појави НЕ ТРЕБА веднаш да се премине на кортикостериодни препарати, а со самото тоа ќе се избегне потенцијалните компликации на кожата на лицето.

Розацеата како болест има хроничен и непредвидлив тек. Причина за тоа е што болеста е под влијание на неколлку фактори кој се меѓусебно преплетени. Затоа третманот може да биде краток, но може да трае и неколку месеци па и години.

Третманот на розацеата започнува со претходно прегледување на целата медицинска историја, клинички прегледи и лабораториската испитуања. Пред почетокот на терапијата со лекови, пациетот мора да биде запознаен и да му бидат објаснети сите делати за болеста со цел да се исклучат сите можности да дојде до влошување на клиничката слика, како на пример: избегнување топли пијалоци, кофеин, поголеми напори, зачинета храна, седење на ветровити места, алкохол и сите производи кои содржат алкохол и ја иритираат кожата.

Луѓето кои страдат од розацеа во текот на летото треба да користат креми за заштита од сонце и редовно да носат шешир и очила за сонце..

Во третманот на розацеата со креми се користат исклучиво дерматолошко козметски креми претходно препишано од доктор. Кремата исто така треба да зависи и од типот на кожата како и тежината на клиничката слика. Во составот на кремите најчесто ќе среќаваме: пероксид, сулфур, такролимус, метронидазол, еритромицин, клиндамицин итн.

Од лековите кој се земат во форма на таблети се користат тетрациклицнски антибиотици, а во потешки форми се користи isotretinoin.

За отстранување на проширените крвни садови на лицето, се користат третмани како на пример ласерско или IPL (Intense Pulsed Light), кој служат за намалување на бројот на крвни садови во кожата. Ако се појави ринофима, се применува хирушки третман со цел да се постигнат стетски резултати.

Треба да нагласиме дека ни IPL третманите не го решават проблемот веднаш, потребни се неколку повторувања за постепено достигнување на резултатите и намалување на црвенилото. Овие третмано се прилично скапи поради цената на самата апаратура, а резултатите не се секогаш трајни – согласност со прирадата на болеста. Поради оваа причина мора да се објасни зошто не треба секогаш да очекуваме трајни резултати. Третманот на розацеа, како и кај останатите дематолошки третмани се со цел спречување на развојот на проблемот на кожата. Со други зборови, при третман на розацеата симпотмите се сведени на минимун, а кај некој пациенти се постигнува целосен ефект и излекување. Тоа подразбира дека успехот на поединецот зависи од причините за појава на розацеа и индивидуалните реакции на кожата на луѓето по преземените третмани.

Во зависност од степенот, розацеата е поделена на четри типа:

Еритематозни – преовладува со црвениоло на лицето со проширување на крвните садови. Понекогаш црвенилото може да се ограничи само на кожата во долните очен капак.

Папулопустилозни – облик во кои се појавуваат црвени нодули и гној проследно со акни на кожата зафатена со црвенило.

Фиматозни – се карактеризираат со појава на здебелување на сврзното ткиво или прекумерен раст на крвните садови на сврзното ткиво и крв во кожата на лицето. Промените се видливи на кожата на лицето и челото, а кај мажите на носот што може да резултира со развој на rhinophyma.

Окуларни – вклучува промени во окото, обично во форма на конјуктивитис, проследено со црвенило, чешање, печење, сувост и иритација на светлина.

Авен Македонија препорачува

Antirougeurs Jour Creme Riche Antirougeurs Jour Creme Riche Antirougeurs FORT Soin concentre