Никој не сака да има груба и испукана потпетица, но ако доколку не сте во можност редовно да  одите на педикир можете сами, во неколку чекори да си направите третман за поубави и нежни стапала.

Чекор 1. За почеток направете топла купка од еден литар вода и четри лажици морска сол, ставете ги вашите стапала во водата и оставете да бидат во вода околу 15 минути.

Чекор 2. После 15 минути земајте камен за петици (пемза) и извадете ја здебелената т.е. вишокот мртва кожа од петите, измијте и исушете ги нозете.

Чекор 3. На крај нанесете Avène Akerat 30 крем на вашите стапала. Овој крем содржи уреа кој на кожата и ја враќа изгубената влажност и мекост. Исто така во составот има кератолик, салицилна и млечна киселина кој при редовна употреба неприметно ги острануваат мртвите клетки и спечува повторно создавање дебел слој на кожата.

Со овие лесни и едноставни 3 чекори повторно петиците ќе ви бидат мазни и меки!

P.S. Истото важи и за лактите и колената 🙂