Како да се врати здравјето и убавината на дехидрираната кожа

Ги немате променето вашите животни навики а вашата кожа е се помалку еластична и ја чувствувате како да не е твоја? Постанува се повеќе груба, речисти до пукање на кожата? НЕДОСТАСУВА ХИДРАТАЦИЈА (ВОДА)! Во стварност тоа и не е некое изненадување, бидејќи ова е една од најчестите и широко распространети проблеми на сите. Под ваквото влијание може да биде секој. без разлика дали станува збор за маж или жена, возраст од 30 или 60 години, со посвелти или потемни тенови на кожа. Иако ова е многу чест проблем, хидратацијата на лицето е универзален совет за убавина…

c_dry MK

1 – Не е во прашање само водата

Дехидрацијата не е само прашање поврзано околку вода! Механизмот вклучен во овој процес е многу посуптилен, и всушност доаѓа од слабеењето на заштитниот слој на кожата. Овој хидролипиден (мешавина од вода и масти) филм функционира како еден вид на мрежа на површината на кожата која не дозволува водата да испарува. Кога оваа структура ја губи својата организаност (клетките кој се тесно поврзани една со друга) станува помалку ефикасна. Доколку настане пукнатина, водата во повредениот дел е склона кон испраување. Резултатот по ваква ситуација е: чувсто на неудобност, губење сјај, линиите на кожата околу очите и останатите делови каде е значително потенка стануваат видливи. Решение? Две работи се важни: да се надокнаде недостатокот на вода и да се обнови заштитната бариера.

2 – Чувајте се од климатските промени, ветер, сонце и студ

Водата е основна состојка на кожата, истата не е стабилна и постојана. Подлежна е на промени под влијание на животната средина и начинот на живот (храна, козметика, често туширање итн.). Влажноста на воздухот исто така има важна улога во себе, објаснува зошто еластичноста на кожата и хидратацијата не се еднакви: во лето, во текот на зимата, кога сме на повисоки места и др. Друго влијание е ветарот, загадениот воздух и УВ зраците од сонцето кој се постојани извори на агресија на кожата. Кога хидролипидниот филм на површината на кожата е нестабилен, тој пропушта повеќе вода од потребното и предизвикува чувство на непријатност на истата. И затоа е многу важно да се заштитиме од овие климатски фактори и секојдневно да користиме хидратантна крема – едноставно средство кој има способност за обнова и одржување на хидролипидната заштитна бариера.

3 – Обрнете внимание на соодветната селекција на производи

Производите на пазарот навидум може да изгледат исти, но формулацијата и составот кај сите не е иста. Одредени состојки можат да направат голема разлика во квалитетот и ефикасноста.

– Не користете сапун. Сапунот ја суши кожата и може да доведе до иритација кај чувствутелните кожи. Наместо тоа користете средства за чистење кој не содржат сапун со и нивната pH вредноста е неутрална, зпогатена со хранливи состојки.

– Премногу чистење на кожата. Кожата која е изложена на претерано чистење нема да има здрав и убав изглед, напротив претераното чистење има обратен ефект и потикнува дехидрација на кожата.

– Не претерувајте со отстранувањето на површинскиот слој на мртва кожа. Дозволете си еднаш неделно пилинг на кожата (не повеќе), под услов тој да биде лесен и да не користите ракави бидејќи тие знаат да бидат груби и да предизвикат оштетување на кожата на лицето.

– Отфрлете го алкохолот од производите за нега на кожа. Алкохолот ја врзува водата од кожата и на тој начин предизвикува сува кожа во обласна на кој е нанесено. Наместо тоа, одберете нежни и благи производи без алкохол за отстранување шминка и чистење, тие нема да предизвикаат штета.

– Добар хидратантен крем треба да содржи и масни состојки. Нивната функција е враќање на хидролипидниот филм. Заштитниот слој е одговорен за одржување на инетгритетот на кожата и обезбедување на добра хидратација на кожата.

– Во пролет и лето кожата често е изложена на сонце. А со тоа и вашата крема треба да се прилагодува на годишните времиња т.е. дали да содржи UV филтри за заштита на кожата. Таквите креми кои имат UV фактор во пролетниот и летниот период ќе и дават дополнителна заштита и удобност на кожата, без притоа да биде оштетена од силните сончеви зраци.

4 – Почитувајте го вашиот тип на кожа

Кожата може да биде склона кон воспаление и иритации, може да биде масна и сјајна, да биде сува и склона кон црвенило… без разлика на типот на кожата, од клучно значење е да го изберете соодветниот производ за вашиот тип на кожа, во спортивно ќе направете дополнителни штети на вашата кожа. На пример, примената на производи за масна кожа на кожа која е сува дава контра ефект т.е. ја суши уште повеќе. Спротивно на тоа, производите кој се наменети за сува кожа ако се користат кај масна кожа ќе го зголеми сјајот и масноста. Различни типови на кожа имат различни потреби… но со еден исклучок: сите треба да се совршено хидратантни. Во овој случај, лесна хидратантна крема ќе одговара на кобинирана кожа, додека богатите креми ќе бидат совршени за сувт тип на кожа.

Eau Thermale Avène ви препорачува

hydrance_optimale_2013