… Кога веќе не ги очекуваш !

Акни е најчестиот тип на кожен проблем кој се јавува кај двата пола и е околу 80% застапен во адоласентниот период. После дваесетата година обично се повлекуваат, но проблемот може да потрае и до триесетите па во некој случаеви и подолго (особено кај жените). Најчесто се појавува на лицето, потоа грбот и градите, и во поретки случаеви на вратот, рамената, надлактиците… но без разлика каде и да се појават секогаш се карактеризираат со изразена себореа односно зголемено е лачењето на лој ните жлези.

3 4 1 2

Акни кои се појавуваат во зрелите години

Акните кои се појавуваат во зрелите години, главо се од инфламаторен тип и се придружени со постојано црвенило, зголемена чувствителности, болка и лузни… истите потешко се лекуваат и враќањето на кожата во нормала е значително побавно. Главно се лоцирани околку устата, брадата и во пределот на вратот и долната вилица. Процентуално гледано проблемот со акни во позрели години повеќе ги опфаќа жените со некаде околу 70% застапеност. Последните истражувања покажале дека 45% од жените на возраст од 20 до 30 години имат проблеми со пост-адолесцентни акни, а 26% кај жените од 30 до 40 години.

Треба да напомене нема посебна (универзална) причина за појава на акни во зрелите години. Генерално експерите сметат дека на повеќето релевантни причини за нивна појава се зголемен дневен стрес, хормонална нерамнотежа и несоодветна исхрана.

stresИзбегнувајте стрес
Стресот во модерниот начин на живот не може да се измегне, воедно со овој ритам на живот моќе да дојде до појава на акни. Стресот ја стимулира надбубрежната жлезда за производство на хормонот за стрес – кортизол и уште еден андроген хормон –дехидроепиандростерон (DHEA), кој силно ги стимулира лојните жлезди и се зголемуваа производството на себум. Затоа, секогаш кога ќе ви се укаже шанса за анти-стрет терапија – искористете ја: вежбајте, релаксирајте се, поминете повеќе време на отворени прошетки едноставно правете работи кои ве опуштат и ве прават среќни.

 

hormoniАх овие хормони
Хормоналните промени поврзани се со месечниот циклус, дисконтинуирана примена на контрацептивни средства, бременост, доење, постпородилни фази и промени во менопаузата. Одтука многу жени се соочуваат со појава на акни во пред-менструална фаза. Кај жените кој се јавуваат т.н. менопаузални акни (жени во менопауза) се резултат на зголемување на нивото на прогестерон со естрогенски дефицит. Многу експерти веруваат дека жените кои се на хормонска терапија, имат помал ризик за појава на акни во зрелите години поради контролираното ниво на хормони.

 

prehranaВажна е правилната исхрана
За настанување на акни во голема мера и одговорност има начинот на (неправилна) исхрана. Објавени се неколку студии во кои се вели дека долгорочното консулмирање на храна со високо ниво на гликемски индекс допринесува за создавање и појава на акни. Затоа е добро да се избегнуват намирници како што се: шеќер, бел леб, пржема храна, газирани и енергетски пијалоци. Ако сакаме да имаме здрава кожа без акни, храната што ја јадеме треба да содржи:

 

  • Антиоксиданси (витамин А, Ц, Е, селен)
  • Полинезаситени масни киселини (риба, рибино масло, ореви, ленено семе)
  • Полифеноли (катехин од зелен чај, сојни флавоноиди и др.)
  • Пробиотици

Зошто се јавува црвенило и лузни од каните?

Како што веќе рековме акните во зрелите години воглавно се од инфламаторен вид. Со навремен третман не би требало да се појават непосакуваните лузни, но доколку третманот и терапијата задоцни, може да се јават силни реакции кој се толку силни и се манифестираат со воспалување на кожата и појава на лузни. Како такви ораганизмот неможе да се справи и истите белеци сам да ги корегира. Повеќето луѓе (особено жените) користат т.н. коректори или пудри за да ги сокријат лузните, но најчесто со незадоволнителни резултати. За жал не е возможно во потполност да се отстранат лузните, но може да се очекува нивно значително намалување со примена на: кератолички и регенеративен крем, професионален пилинг, микродермоабразија, механичка дермоабразија или ласерски третман. Заради различните типови и големини на лузни, не секогаш наведените методи можат да го постигнат посакуваниот ефект. За најдобар ефект на третманот за третирање и намалување на видливоста на лузните треба да константира специјалист дерматолог.

Што може да направете сами?

Користете дермокозметички производи.
Користењето на соодветни дермокозметички производи за дневна хигиена и нега, со редовна употреба може да биде многу корисна. За да го изберете производот кој навистина ќе ги задоволи вашите потреби, имајте ги на ум следните карактеристики за производот:

  • Да не содржи саупун,
  • Без состојки кои ги затварат порите (некомедони),
  • Без масла,
  • Базиран на вода (water-based),
  • Благи средства за отсстранување на нечистотиите и вишокот на себум (gentle surfactants),
  • Хипоалергентен (ако имате акни и чувствителна кожа),
  • Анти-инфламаторни (состоки кој имат својство за намалување на воспаление)

Вакви производи може да се купат во аптеките, а изборот на производот за вашиот тип на кожа посоветувајте се со вашиот дерматолог или фармацевт. Доколку сами го изберете производот, внимателно прочитајте го составот и за кој тип на кожа е наменет. Бидејќи примената на несоодветен производ може да и наштетат на кожата и да ја влошат состојбата.

Avène ПРЕПОРАЧУВА

cver